MG Motor – Милион продадени возила во Европа

Од враќањето на пазарот во 2011 година со моделот MG6, MG Motor прерасна во сè поприсутен и популарен бренд низ Европа

Во временски период од 15 години, од производител на ниско сериски спортски автомобили и загубар, под водството на новите сопственици MG Motor стигна до бројката од еден милион продадени возила во Европа.

Кога повторно се етаблира марката на својот домашен пазар во Обединетото Кралство со моделот MG6 бележи само успеси и широка понуда на модели. Со таков пристап денес MG Motor има повеќе од 1.300 дилерски партнери и присутен е на 34 пазари, меѓу кои и кај нас. Клучен фактор зад подемот на MG Motor е способноста на брендот да понуди навистина достапни, стилски и возбудливи за возење електрични и напредни хибридни возила.

Оригиналниот MG4 EV се покажа како значаен успех. До денес, MG Motor има испорачано 317.000 електрични возила во Европа, само лани забележи скок од 30 отсто во Европа, во однос на 2024 година, бележејќи продажба од 300.000 примероци, а неодамна ги лансираше моделите за 2026 година, MG4 EV и целосно новиот MG4 EV Urban.

Компанијата исто така беше предводник во воведувањето на електрични возила фокусирани на перформанси, при што впечатливо дизајнираниот MG Cyberster нуди модерно искуство на возење со отворен покрив. Осмислен во дизајнерското студио на компанијата во Лондон.

MG Motor оствари и значителен пораст на нарачките во текот на 2025 година со своите високо ефикасни и практични Hybrid+ модели, со 139.000 испораки што дополнително го забрзаа растот на брендот.

MG Motor во првата половина од годинава ќе објави неколку значајни новитети поврзани со технологија и дизајнот, со што дополнително ќе ја нагласи својата посветеност кон европските клиенти.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER