KTM – Brabus 1300 R Edition 23

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Ограничена серија за неограничено задоволство

Вториот проект на KTM и Brabus ќе се направи само во 290 примероци, а распродаден е веднаш по обзнанувањето дека ќе се прави

По успешно лансираниот иницијален модел, KTM и Brabus ја продолжуваат соработката со нова едиција на ултимативниот 1290 Super Duke R Evo. Тој со заеднички сили на двете реномирани компании се трансформираше во ѕверка од мотоцикл чии 180 коњски сили ќе ги почувствуваат лимитирани 290 купувачи.

Како и лани деталите за него се завиткани со велот на мистеријата. Се знае дека ќе биде достапен во само две бои – суперцрна и стелт сива и дека многу што на него е направено од карбон. Има моноблок ковани тркала, седиштето е со греење, а ослонувањето полуактивно со шест поставки кои возачот може да ги избира во зависност од расположението. Во однос на ланскиот модел и маската е ревидирана, а нови се бочните панели со аеродинамични крилца.

Brembo системот за сопирање е унапреден, а звукот поубедлив. Најважни адути со кои ќе владее со емоциите се максималната брзина од 270 километри на час и забрзувањето до првите сто за 3,2 секунди. Не треба да се спомене дека и покрај страотната цена од 42.500 евра што е двојно повеќе од мотоциклот од кој настана, целата серија се распродаде додека трепнеш.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER