Harley Davidson – Sportster S

Моторцикли

Лошите момци со добри манири!

Harley Davidson се враќа во Европа со Euro 5

објавено 17. јули 2021

Sportster S е името на новиот модел, кој е втор со новиот 1,25-литарски мотор веќе вграден во Pan America. Силата е намалена од 152 на 122 КС поради усогласувањето според нормата Euro 5 зададена за сите моторцикли на Стариот континент. Затоа пак наместо на моќноста посветено е внимание на вртежниот момент од 125 Nm што се испорачува при 6000 врт/мин. Комплетно обновениот Sportster S изгледа како „бобер“ напред, но со подигнатите издувни цевки потсетува и на традицијата на марката на рамна рамка.

Придонес на тоа е седиштето само за „јавачот“ кое завршува со грпка. Резервоарот од 11,8 литри е рамен, висината на седиштето од тлото изнесува само 75,5 сантиметри а фаровите се аголни. Harley-Davidson Sportster S е тежок 228 килограми кога е подготвен за возење и има три претходно конфигурирани и два индивидуално прилагодливи режими на возење, како и електронски системи за управување и оптимизирција на однесувањето во свиоци.

Од не традиционалните решенија, покрај електрониката, е четири инчниот TFT дисплеј во улога на главен инструмент на кого се испишуваат вредностите и додаден е инфо-забавен систем што се спојува со паметен телефон. Во Европа Sportster S ќе биде достапен од есен по проектирана цена од околу 15.500 евра.