Нова влезница за клубот
Повлекувањето од Европа на моделот Sportster не траеше долго. Nighster е тука!
За љубителите на американскиот галамџија има нов влезен модел за Европа. Harley-Davidson ветува опуштена, но малку спортска позиција на возачот благодарение на централно поставениот систем на потпирачот за нозе, рамните рачки и висината на седиштето од 70 сантиметри. Опремен со предна вилушка од 41 mm, Nightster 975 нуди три режими на возење (пат, спорт, дожд). Резервоарот, кој е со големина од речиси дванаесет литри, се наоѓа под седиштето заедно со вратот за полнење, додека на местото на резервоарот направена е „кукла“ која е достапна во црна, сива или црвена боја. Инструментализацијата се состои од аналоген брзинометар од десет сантиметри со интегриран LCD дисплеј. Harley – Davidson Nightster е придвижуван од целосно нов мотор.
Именуван како Revolution Max 975T по конструкција е V2 со цилиндри поставени под агол од 60 степени и има водено ладење. Како што е наведено во името неговата зафатнина е од 975 кубни сантиметри, испорачува 90 КС при 7500 вртежи во минута и 95 Nm вртежен момент при 5000 вртежи во минута. Лансирањето е закажано за јуни, со почетна цена од 14.995 евра во Германија.