Ducati и Lamborghini повторно ги здружија силите за ограничена едиција на мотоцикл што црпи инспирација од Revuelto и чини повеќе од некои спортски автомобили.
Заснован на Panigale V4 S, специјалното издание обложено е со јаглеродни влакна, исто како што има бесниот бик Revuelto.
Промените не застануваат тука бидејќи моторциклот е опремен со уникатно парче крило и опашка. И двaтa елементи црпат инспирација од Revuelto со алуминиумските тркала и титаниумски издув Akrapovič.
Благодарение на широката употреба на јаглеродни влакна, алуминиум и титаниум, изведбата тежи 185 кг што е 2,3 кг помалку од донаторот и тоа го прави најлесниот член на семејството. Кога е време да тргнете на возење се седнува на уникатно седло кое црпи инспирација од внатрешноста на Revuelto. Клиентите ќе најдат и дигитална инструмент табла со уникатна анимација за стартување.
Секое Panigale V4 Lamborghini доаѓа со сертификат за автентичност, како и специјален капак и држач што одговара на бојата на моторциклот. Ducati дури и го испорачува моделот во ексклузивна дрвена кутија. Panigale V4 Lamborghini започнува од 78.400 евра и производството е ограничено на 630 примероци. Доколку стандардниот модел не е доволно ексклузивен, сопствениците на Lamborghini можат да добијат Panigale V4 Lamborghini Speciale Clienti.
Достапни се само 63 и чинат 100.400 евра. Кога веќе зборуваме за персонализација може да се купи кацига, јакна и кожен костум возење, исто така изработени во ограничен број, приспособливи во бои по избор на купувачите на Speciale Clienti. Моторот остана ист, има 1.103 ccm и произведува 209 КС.