CF Moto – 700 CL-X

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Македонија пред Германија

Додека во Германија се подготвува дебито, кај нас е веќе добро познат

Кинескиот CF Moto од следната година ќе настапи на пазарите во Германија, Австрија и Швајцарија. Тоа е, за нас Македонците, бајата вест бидејќи публиката заинтересирана за моторцикли го запозна 700 CL-X во јуни. Тежок речиси 200 килограми атрактивниот модел инспириран од „скремблер“ духот го движи двоцилиндричен двигател со зафатнина од 693 кубни сантиметри и 70 КС. Максималниот вртежен момент е 61 Nm, достига максимални 180 км/ч и има предно тркало од 18 додека задното е од 17 инчи. Кинескиот производител го нарача изгледот од италијански дизајнери па неоспорна е инспирацијата од тамошната мото-култура со толкување дека 700 CL-X е нео-ретро моторцикл. Трите нови пазари тактизираат со објавата на цените, а во CF Moto Македонија се нуди за 6.600 евра до регистрација.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER