Видео – Denza B5

Од BYD во Европа ќе пристигне уште еден новитет, овој пат со логото на луксузната марка Denza. Моделот познат во Кина како Fangchengbao 5 кој во многу потсетува на легендарниот Land Rover Defender ќе ја има ознаката B5 и ќе ги освојува купувачите со своите премиум карактеристики.

Видео – Leapmotor A10

Leapmotor ја забрзува својата европска експанзија и покрај веќе присутните модели на пазарот го подготвува за лансирање и кросоверот B03X кој во Кина се продава под ознаката A10.

Видео – Aston Martin во криза

Темни облаци надвиснаа над Aston Martin – компанијата после тешката 2025-та година мора да отпушти 20 отсто од работниците.

Видео – Peugeot 9X8 со нов имиџ

Пред првата трка од Светскиот шампионат во издржливост закажана за 28 март во Катар, Peugeot го претстави новиот изглед на болидот 9X8 изработен во блиската соработка помеѓу Peugeot Design и Peugeot Sport.

Видео – Lamborghini го откажа Lanzador

Додека некои се колнат во електричната иднина на возилата, оние помудрите балансираат. Во тој список се става Lamborghini кој се откажа од правењето на електричниот Lanzador. Сепак бесниот бик ќе продолжи со приклучните хибриди.

Авто Магазин – Најнова епизода

Кинеската инвазија на Европа засилена e со нови модели, а електричната Mazda 6е е двојно поскапа во Европа отколку во Кина. За разлика од италијанските спортски марки кои прикажуваат големи добивки британскиот Aston Martin е во криза. Stellantis ја увиде грешката со слепото итање кон електричната иднина, грешка која ја чини групацијата повеќе од 23 […]

Видео – Audi RS5 2026

Потпишан од Audi Sport, новиот RS5 е замената на старите RS4 и RS5. Наоружан со високо-перформансен приклучен хибрид, развива 639 КС и 825 Nm и забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,6 секунди што го прави страв и трепет за конкуренцијата.  

Видео – Volkswagen Golf GTI 50 godini

Групацијата Volkswagen има неколку иконски модели. Од активната понуда тоа е несомнено Golf GTI кој го прославува своето 50 годишно постоење годинава преку најсилната и најбрзата негова верзија наречена 50 Edition.

Видео – Bugatti Tourbillon instrument tabla

За Bugatti го немаме финансискиот извештај, но прикаската за инструмент таблата на моделот Tourbilon е вредна за внимание, особено за оние што се инфицирани со вирусот скапи часовници.

Видео – Test Chery Arrizo 8 PHEV

Малку се производители кои останаа доследни на традиционалната форма на неговото височество автомобилот. Три волуменските лимузини ја изгубија борбата со кросоверите, но останува јасно дека тие се вистинските возила ориентирани на вистинските возачки вредности. Уште од првиот контакт станува јасно дека Chery Arrizo 8 со својот приклучен хибрид ги вреднува традиционалните вредности на динамичност при […]