Maserati – Неизвесна иднина

Иако има потполно електричен модел и се надева на зелената иднина, Maserati никако да се консолидира. Напротив, продажбата стрмоглаво му паѓа, па сега Stellantis ќе дискутира за иднината на марката.
Видео – Koenigsegg Sadair’s Spear

Заснован на Jesko Attack, Sadair’s Spear испорачува 1602 коњски сили, додека тежи помалку и е потполно легален да се вози во секојдневен сообраќај.
Возевме – BMW X3 20d M Sport

BMW е еден од производителите што во голема мерка се придржува до својата традиција. Иако Баварците на големо работат на комплетна гама БЕВ, во својата понуда им даваат полноправно место на погоните со согорување. Со додавање на благ хибриден систем го продолжуваат животниот век на „цилиндрашите“, но и нивната ефективност. Во тоа целосно не увери […]
Авто Магазин – Нова епизода

И тоа се случи. Кинеската марка за мобилни телефони што пред неодамна започна да произведува и електрични автомобили постави апсолутен рекорд во примање на нарачки. За само три минути од пуштањето во продажба прими 200.000 нарачки за својот кросовер SY7. Од другата страна на планетата традиционалните марки како Lotus и Maserati имаат неизвесна иднина. Зато […]
Видео – Chevrolet Corvette ZR1 X

Најмоќната Corvette е тука да ги задоволи страстите на американците. Дали ќе успее голбално?
Возевме – Volvo XC90 T8 AWD Ultra Dark

Ако некој своите модели ги прави тркачи на долги стази, тоа е несомнено Volvo. XC90 е модел во понуда од 2002-та година, а пред единаесет години на пазарот дојде неговата втора генерација. Таа доживеа второ рестилизирање, овој пат суптилно и сосема доволно да го издржи притисокот на пазарот уште неколку години. Малите зафати на светлосните […]
Видео – Nissan Leaf 2025

Дебитираше третата генерација на Nissan Leaf, првото комерцијално лансирано БЕВ во светот. Јапонците останаа доследни на својата прикаска поучени од искуствата што ги добија во претходните две генерации. На македонскиот пазар се уште актуелната, втора генерација, на Nissan Leaf не помина незабележено, но далеку од тоа дека е бројка за фалење. Впрочем тоа е реалноста […]
Видео – Audi Q3 2025

Субкомпактниот Q3 игра важна улога продажбата на Audi. Неговата трета генерација нема ништо револуционерно, но сосема доволно да го задржи интересот на купувачите.
Видео – Peugeot 208 GTI

Не постои вистински поклоник на малите спортски автомобили што не знае за Peugeot 205 GTI. За време кога беше присутен на пазарот тој стана вистинска икона на комерцијалната и спортската сцена. Сега „лавот од елисејските полиња“ направи модерна реинкарнација отелотворена во електричниот 208 кој го понесе беџот GTI.
Авто Магазин – Нова епизода

Неделата што заминува беше живописна и исполнета со промоции на нови модели. Предначат електричните кои враќаат во игра емоции од минатото, важен елемент за вистинските љубители на автомобили. Добре дојдовте во нашата нова епизода.