Xpeng G6 – Нишани на Европа

Нова платформа и голема автономија Кинескиот Xpeng претстави уште ден модел кој посебно ќе им биде интересен на Европјаните. Означен е како G6 и претставува спортски купе-кросовер чии електрични можности се базирани на нова платформа. Ќе биде достапен во две верзии, со еден или два електромотора и максимални 300 односно 480 коњски сили. Иако без […]

Land Rover – Defender Outbound

И теренец и манекен За претстојната моделска година Land Rover го зачини Defender со специјално издание наречено Outbound. Иако во основа наменето за оние кои бараат помоќни теренски можности, поголемо внимание е посветено на изгледот. Од стандардните верзии се разликува по неколку софистицирани детали, најмногу посебната завршна обработка на браниците и маската. До тркалата од […]

Lexus LM – Транспортер за богати

Спротивно на сите трендови Додека сите други еден по еден ги умираат своите моноволуменци, Lexus реши да се вклучи во пазарната трка во овој сегмент. И тоа сериозно, правејќи ја глобален модел втората генерација на луксузниот LM  кој досега се нудеше само во Кина и неколку азиски земји. Дизајнот на ова комби ќе остави нерамноправно […]

McLaren 750S – Најсилниот меѓу најсилните

Еволуција, не револуција Со мали, но значајни подобрувања во однос на веќе пензионираниот McLaren720S, промовиран е најсилниот сериски модел на куќата 750Ѕ Кога станува збор за супер автомобилите скроени по британски терк, McLaren е најистакнат нивен претставник. Со децении оваа компанија еволуира вметнувајќи во секој следен модел подобрена моќност, намалена тежина, дотеран изглед и дополнителни […]

Polestar 4 – Во форма на купе кросовер

Четвртиот во низот Polestar го претстави својот четврти модел, електричен купе кросовер Работењето на кинеско-шведскиот премиум бренд Polestar зема замав. Неодамна е претставена конечната верзија на четвртиот модел на компанијата чие пазарно деби ќе се случи вгодина. Базиран е на платформата SEA развиена од Geely со меѓуоскино растојание од три метри. Вкупната должина е 4,84 […]

KIA EV5 Concept – Електричната офанзива се проширува

Нов кросовер на струја Интензитетот на лансирање на електрични модели се зголемува KIA како да не знае да сопре. По првенецот E-Soul и практичното Niro EV, спортскиот EV6 и големото спортско корисно возилоп EV9 наскоро ќе биде лансиран уште еден помал електричен кросовер. Како и претходните, дел е од новиот дизајнерски јазик и софистициран технички […]

Премиера – Mercedes-Benz E-Class

Нова класика 75 години Mercedes-Benz е предводник во осетлив пазарен сегмент. Дали тоа ќе остане, ќе покаже времето. Штутгартската ѕвезда прва повлече нога, неколку месеци пред нејзиниот најголем ривал BMW серија 5 која ја очекуваме на есен. Генерацијата која е штотуку лансирана ја носи интерната ознака 214 и во продажба ќе влезе есенва, токму како […]

Lancia Pu+Ra HPE – Најавена ренесанса на марката

Започна ревитализацијата на Lancia Lancia е марка со гордо минато која, поради лоши политики на FIAT, падна испод заслуженото ниво. Некогаш господар на рели патеките и отмените возила денеска се сведе само на еден модел. И да биде иронијата поголема, Ypsilon се продава само во Италија. Сега е најаваена втората младост на Lancia. Италијанската марка […]

Премиера – Cupra Tavascan

Херој на новата ера Во Франкфурт 2019 година, концепт автомобилот Cupra Tavascan беше еден од најважните моменти на саемот. Сега, четири години подоцна, Шпанците ја претставија сериската верзија. Шпанците отсекогаш успевале да се разликуваат од мејнстримот во своето петгодишно постоење, и визуелно и комуникациски. Од лансирањето на брендот Cupra продадени се повеќе од 300.000 возила […]