Ремек делото што чини само 42 „бона“ ја слави механиката на КТМ и совршеноста на Brabus
Ултимативните во барањата веќе застанаа во ред за ексклузивната 1300 R Masterpiece Edition креација на Brabus подготвена на основа на моќниот KTM 1290 Super Duke R Evo.
За 42 илјади евра колку што чини ќе добијат двоцилиндричен врвен мотоцикл со 180 коњски сили и тежина од само 194 килограми, способен до 100 километри да забрза за само 3,2 секунди. Чистиот дизајн му дава безвременска елеганција и мистична привлечност, а беспрекорно обработените детали уникатно чувство во возењето.
За удобноста ќе помогнат рачките и седиштето кои се загреваат, а задоволството ќе биде комплетирано со звукот на издувниот систем со двојни лонци. Ќе бидат направени само 50 примероци, половина во оникс црна, а половина во дијамантски бела боја.