Новитетите во мото-индустријата пристигнуваат со есента, а можеби најзначајниот за идната сезона е новата генерација на BMW R 1300 GS
Претставувањето на BMW R 1300 GS е темирано да се случи точно на сто години по првиот мотоцикл на марката со боксер мотор и карданско вратило. Најавен како наредно ниво во развојот на автентичната баварска мото техника тој има нов агрегат и ослонување, значително намалена тежина и подобрена динамика.
Од BMW велат дека со него повторно ќе ја изненадат конкуренцијата, мислејќи притоа и на проширената понуда. Изненадени ќе бидат и сопствениците кои доста добро знаат што треба да очекуваат од него бидејќи со сите своите карактеристики и сестрани квалитети се прикажува уште повпечатливо.
Се разбира централна улога во тоа има новиот двоцилиндричен боксер кој е покомпактен, со поинаков распоред на брегастите оски и менувач спуштен под него. Во неговите точно 1.300 кубни сантиметри се кријат 145 коњски сили и максимални 149 њутн-метри вртежен момент што го прават најмоќниот сериски боксер мотоцикл во историјата на BMW.
Новото ослонување е оптимизирано за прецизно и стабилно возење на сите терени, во што помага и контролата на височината која целосно автоматски се прилагодува во зависност од условите.
Посебно задоволни ќе бидат љубителите на природата бидејќи со поголемиот од на пружините и новиот Ендуро режим на возење се обезбедува најголема можна удобност без компромиси по динамиката.
BMW досега има продадено милион примероци од GS серијата која за прв пат беше лансирана 1980 година, а новиот модел се очекува во продажните салони веќе при крајот на годинава.