Италијанските марки на домашен терен чувствуваат посебна одговорност. Покрај многуте активности, иконскиот Moto Guzzi претстави модел од почетно ниво именуван како The Trip. Роудстерот од 500cc, со својот неконвенционален паралелен-твин мотор, произведува речиси 48 КС. Moto Guzzi ветува технички карактеристики од повисоките класи, но досега откри само три режими на возење. Има 3,6-инчен дисплеј за поврзување и осветлени контроли на кормилото. Moto Guzzi The Trip 500 ќе биде лансиран на почетокот на следната година.

Дека Италијанците се мајстори за маркетинг покажува специјалното издание на моделот Moto Guzzi V85 TT Napapijri. Овој проект се темели на силните вредности што ги обединуваат двата бренда, како што се љубовта кон авантурата, патувањето како начин на живот, слободата и, пред сè, автентичноста што произлегува од историјата на овие два италијански бренда. Во 1927 година, Џузепе Гуци стигнал до Арктичкиот круг возејќи Moto Guzzi GT 500, модел кој подоцна бил преименуван во Norge.

Така започнала страста на Moto Guzzi кон авантурата и фасцинацијата од далечниот север – што е токму суштината на она што го асоцира името Napapijri. Сега нема да мора да се вози до Актичкиот круг за да се перчите, сега е доволно да купите V85 TT Napapijri со стандардно богата опрема.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER