Bentley одлучи да го освежи гломазниот теренец и да го направи најбрз досега.
Bentayga Speed доби механичко ажурирање. Најважната новост е што сега има помоќен мотор иако со четири цилиндри помалку.
Пензионираниот W12 му отстапи место на четири литрениот би-турбо V8 кој сега испорачува 641 КС и 850 Nm. Помалку е неразбирливо зошто не е имплементиран погонот со приклучент хибрид кого веќе го користат Continental GT Speed и Flying Spur Speed и имаат 140 КС повеќе.
Но затоа Bentayga Speed не го изневерува заветот кон перформансите и побрз е од својот претходник. Сега забрзува од 0-100 км/ч за 3,6 секунди, скратувајќи три десетинки од претходното време.
Максималната брзина сега достига импресивни 310 км/ч. Инженерите на Bentley го преработија подвозјето, нарекувајќи го најдинамичната поставеност вградена во Bentayga.
Тоа тврдење се фокусира на новиот Sport режим, кој обезбедува поостар одговор на управувањето и 15 проценти поцврсто амортизирање.
Исто така, има и нов систем за контрола на лансирање што го прави своето деби кај Bentayga, заедно со векторирање на вртежниот момент преку сопирачките и стандардно управување на сите тркала.
Заедно, овие надградби имаат за цел да го направат гломазното спортско-корисно возило да биде поагилно. Bentley нуди издувен систем Titanium Akrapovic со четири издувни цевки.
Тој ги заменува стандардните двојни елиптични излези и ветува малку повеќе театар, и визуелен и звучен. И покрај важните промени под површината, надворешноста на ажурираната Bentayga изгледа речиси идентично со моделот што постои од 2021 година.
Подеталниот поглед открива благи промени како што се новите тркала, кои се достапни во верзии од 22 и 23 инчи, темно затемнети фарови, проѕирни задни светла и нови ADAS сензори на предниот браник.
Bentley секогаш имал зашаметувачки интериер, па малку непристојно би било да се прашува што е сменето внатре?
Bentayga Speed веќе се продава во родната Британија почнувајќи од 260.000 евра. Секако, таа цена може брзо да се искачи со додавање на опции, а да не ги коментираме услугите на Mulliner дивизијата.



