Само за Турција, со дебела причина
Освен ако не сте одличен познавач на возилата на Mercedes облогот дали постои Е-класа со ознака 180 сигурно ќе го изгубите бидејќи таков модел се нуди во Турција. Причината за тоа е дебела бидејќи Mercedes E180 таму чини неверојатни 128 илјади евра, што е повеќе дури и од AMG E 53 во Германија. Имено, согласно турските прописи на возилата со мотор до 1,6 литри се наплатува специјален данок во висина од 80 отсто, на што дополнително се пресметува уште 20 отсто данок на додадена вредност.
За сите тие пари турскиот купувач добива 1,5 литарски мотор со 170 коњски сили хибридно засилени уште со 23. Со нив луксузната лимузина со деветстепен автоматски менувач забрзува до 100 километри за 8,9 секунди и достигнува максимална брзина од 225 километри на час. Сосема доволно, посебно ако се знае дека за возила со мотори поголеми од два литра специјалниот данок се искачува на 220 проценти. Затоа и најскапиот модел на Mercedes во Турција, AMG 63 верзијата на S-класата чини дури 680 илјади евра.


