За оние што сакаат нешто специјално Moto Guzzi подготви интересна серија на моделот V7 со ознака Stone Corsa
Инспириран од спортската традиција на марката, овој мотоцикл со тркачки карактер скриен во класичниот дух на компанијата се издвојува по елегантниот оклоп и седиштето со ретро изглед будејќи носталгични асоцијации на љубителите на исконските италијански машини.
Во него е вграден воздушно ладен V-твин агрегат со агол меѓу цилиндрите од 90 степени кој ги исполнува Еуро 5 нормите. Впрегнат со шестстепен менувач тој од своите 853 кубни сантиметри на возачот на располагање му става 65 коњски сили, барајќи притоа за возврат 4,9 литри гориво на 100 километри. За помалку искусните Moto Guzzi нуди и верзија пригушена на 48 коњски сили.



