Harley-Davidson ја збогатува својата колекција на иконски модели, повторно во строго ограничено производство. Годинава тоа е специјалнa изведбa коja треба да се ѓаволски добрa. Дали е тоа така ќе може да се уверат само 1.500 сопственици. El Diablo е наследник на моделот FXRT од раните осумдесетти. По дефиниција е „low rider“, што ја означува ниската поставеност на седењето и точка на гравитација.
Покрај моторот од 105 КС го краси специјална повеќеслојна црвена боја со златни ленти нанесени рачно. Црните површини и алуминиумските бандажи во мат бронзен тон го надополнуваат ѓаволскиот изглед. Има и аудио систем Rockford Fosgate интегриран директно во кокпитот со засилувач од 250 вати, Bluetooth поврзување и контрола на јачината на звукот што автоматски се прилагодува со брзината на движење. Секој примерок е индивидуално нумериран и чини околу 30.000 евра.


