Струјата дрма во Husqvarna
Вториот концепт на електричен моторцикл од шведската марка е скутер
објавено 11. мај 2021
По студијата Е-Pilen, Husqvarna претставува уште едно електрично возило. Концептот Vektorr е првиот скутер на марката. Малиот скутер има опсег од 95 километри што е повеќе од доволно за дневните потреби за просечен возач. Засега не се дадени дополнителни технички детали. Сестринската компанија на КТМ не даде јасни информации дали и кога Vektorr ќе влезе во сериско производство.


