Peugeot Traveller Dangel

Живееме во време кога мобилноста се менува

Свртувањето кон природата ја лансираше популарноста на спортско-корисните возила високо во орбитата
Објавено на 5 јуни 2018 година

Иако мора да признаеме дека се работи за комерцијален тренд, денес не постои производител кој не ги следи овие пазарни текови. Peugeot долго време одолеваше, но сепак не остана настрана од нив. Партнерски здружен со Dangel, неговите возила скоро четири децении се достапни со погон на сите тркала. И тоа каков треба - со значителни теренски можности. Првиот конвертиран модел беше пикап верзијата на 504, која помина скоро незабележано. Но веќе наредната преработка го сврте вниманието кон оваа фирма од Алзас. Тоа беше караванската изведба на Peugeot 505, која со својот огромен клиренс делуваше како подготвена да ја освојува месечината. Беа направени само 500 примероци, од кои ретки преживеаја. Возилата што денес се нудат со знакот на Dangel се далеку пософистицирани. 
Peugeot Traveller DangelНајновиот модел со препознатливиот „Икс" на задниот дел е повеќенаменскиот Traveller. Има 9 седишта и технологија со која може да се справи со секаков терен. При возење во нормални услови погонот е само на предните тркала. За поблагите предизвици е наменет автоматскиот 4x4 режим, кој преку вискозната спојка ги активира и задните тркала кога предните ќе пролизгаат. За посериозни излети длабоко во природата централниот диференцијал се заклучува. Сето тоа е дополнето со електронските асистенти кои ги контролираат тракцијата и однесувањето на возилото.

Peugeot Traveller Dangel е достапен со 150-коњски Blue HDi мотор, три должини на каросеријата и три пакети опрема. Количините во кои се произведува се мали, а цените високи - стартуваат од некои 40 илјади евра.


Peugeot Traveller Dangel

клучни зборови: новитети, Peugeot Traveller Dangel

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе