Жените во Саудиска Арабија ќе можат да возат од 24 јуни

Објавено на 10 мај 2018 година

Откако лани во септември принцот Мохамед Бин Салман донесе декрет за симнување на забраната стара 60 години, од 24 јуни во Саудиска Арабија и на жените ќе им биде дозволено да возат. Тоа официјално го најави министерството за сообраќај на оваа земја, соопштувајќи дека се создадени се сите услови за исполнување на оваа кралската желба. За возачка дозвола ќе можат да аплицираат сите Саудијки постари од 18 години, а инструктори во авто-школите ќе бидат нивни сонароднички кои имаат добиено дозвола во некоја странска земја. Ова е само еден дел од проектот на 32-годишниот крунски принц за подобрување на женските права. Тој со овие реформи има намера барем за половина да го зголеми учеството на женската работна рака во економијата во земјата, кое сега изнесува само 22%.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе