Kia ProCeed

Започна производството на Kia ProCeed

Само еден ипол месец по претставувањето, во Словачка започна производството на Kia ProCeed
Објавено на 20 ноември 2018 година
фото: Рудолф Карпат

Компанијата Kia Motors во својата фабрика во Жилина започна со сериското производство на новата генерација на моделот ProCeed кој беше претставен на почетокот на октомври на салонот на автомобилите во Париз. Новата генерација на компактниот модел на Kia го загуби апострофот во ознаката, така што хечбекот официјално се вика Ceed а не Cee’d, а ова важи и за новиот ProCeed кој порано беше ProCee’d. Но главната разлика сепак е во тоа што досегашниот ProCee’d беше хечбек со 3 врати, а новиот ProCeed всушност е shooting brake со 5 врати, инспириран од истоимениот атрактивен концепт од ланскиот салон во Франкфурт. Треба да се спомене и дека за изгледот беше задолжен европски дизајн центар на Kia кој се наоѓа практично во дворот на франкфуртскиот саем.


Kia ProCeed Што се однесува до димензиите, новиот ProCeed е долг 4.605 mm, широк 1.800, висок 1.422 mm и има меѓуоскино растојание од 2.650 mm. Клиренсот му е намален за 5 mm во однос на хечбек варијантата, а има багажник со зафатнина од 594 литри. Како и новиот Ceed, и ProCeed се одликува со поквалитетни материјали во внатрешноста, подобра ергономија и побогата опрема. Стандардно меѓу останатото ќе се добива со автоматски светла и keyless entry систем, а ќе биде достапен со 7 или 8-инчен екран чувствителен на допир, JLB аудио систем, Wi-Fi хотспот, кожени седишта, алуминиумски детали во кабината, систем за надгледување на мртвите агли, адаптивен темпомат и систем за одржување на возилото во лентата на движење. Во гамата мотори се бензинците 1.0 T-GDi со 120 KS и 1.4 T-GDi со 140 KS, како и 1.6 CRDi дизелот со 136 KS. Сите стандардно доаѓаат со шестстепен мануелен менувач, но новиот 1,4 литарски турбо бензинец и дизелот ќе можат да се добијат и со седумстепен менувач со двојна спојка. Новиот ProCeed доби и GT верзија со 1,6 литарски турбо мотор со 204 KS. Покрај него, во GT пакетот ќе се најдат и впечатливиот аеро боди кит, поголеми тркала, модификувано ослонување, спортски издувен систем, посилни сопирачки дотеран ентериер.

Со испорака на европските купувачи ќе се започне во првиот квартал на 2019-тата.


Kia ProCeed

клучни зборови: занимливости, Kia ProCeed

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе