Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe

Задоволство вредно 150 илјади евра - минимум!

Mercedes ги објави цените за моделот AMG GT 4-Door Coupe
Објавено на 29 јули 2018 година

Премиерно претставен на салонот во Женева, Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe наскоро ќе пристигне во продажните салони, по цена од 150 илјади евра минимум. Или поточно 150.118, колку што чини верзијата GT4 63, додека за помоќната GT4 63 S изведба купувачите ќе мора да одвојат 167.016 евра. Ценовната спирала тука не завршува - првите од нив ќе ги добијат своите примероци од Edition 1 серијата која ќе се произведува само 12 месеци за 185.342 евра, додека потрпеливите ќе бидат наградени со нова понуда со ознака GT4 53, која ќе биде малку послаба и поевтина.

Првите примероци на ова луксузно спортско купе со четири врати настанато како одговор на Porsche Panamera ќе бидат испорачани на почетокот на есента.


Mercedes-AMG GT 4-Door Coupe

клучни зборови: новитети, Mercedes AMG GT 4-Door

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии