За возење низ Лондон ќе се плаќа 300 фунти дневно…

…или како Англичаните се справуваат со старите дизели кои загадуваат
Објавено на 13 август 2018 година

Во последно време доста е актуелно забранувањето на сообраќајот на возилата со стар дизел мотор низ европските градови. Лондон е еден од позагадените во Европа, но таму тие не се забрануваат - Англичаните со овој проблем се справуваат на поинаков начин. Борис Џонсон ја започна, а Садик Кан продолжи битката против како велат и двајцата „смртоносниот воздух во Лондон“ земајќи го за сојузник најсилното оружје - парите. Имено, веќе подолго време возењето низ строгиот центар на Лондон се наплатува, и тоа доста во зависност од типот на возилото и еколошките норми што ги исполнува неговиот мотор. Но предложените мерки на градоначалникот на Лондон ја надминуваат секоја логика, бидејќи според нив за влез во зоната на ултра ниски емисии камионите ќе плаќаат по 300 фунти дневно! Ова се однесува на возилата со Еуро 3 или пониски стандарди, додека на Еуро 4 и Еуро 5 камионите ќе им се наплаќа по 100 фунти. Исто така, ќе се прошири и зоната за која ќе се наплаќа, како и временскиот период - наместо во работните часови како сега, на 24 часа дневно 365 дена во годината.

Примената на оваа одлука треба да стапи на сила на 26 октомври 2020 година.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии