Tesla Model S Shooting Brake

За оние кои се вљубени во долгите патувања

Објавено на 29 мај 2018 година

Холандската работилница RemetzCar уште на почетокот на мината година најави дека на заинтересираните клиенти ќе им понуди и практична Shooting Brake варијанта на електричниот Tesla Model S. За развој беше задолжена независната дизајнерска компанија Niels van Roij Design, а целиот процес траеше дури и премногу време. На резултатот сепак вредеше да се чека - конверзијата на лимузината е извршена практично беспрекорно, а впечатливата зелена боја во која таа е претставена само ја нагласува суштината на нејзиното постоење. Холанѓаните наведуваат дека на купувачите на располагање ќе им бидат бројни опции, најмногу за персонализација на ентериерот и екстериерот. Цената не е позната - неа ќе ја дознаат само 20 сериозни купувачи на овој модел.


Tesla Model S Shooting Brake

клучни зборови: новитети, Tesla Model S Shooting Brake

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе