Toyota Supra Gran Turismo

За непоправливите зависници од октаните

Виртуелните зависници од октаните веќе можат да се насладуваат на најновиот спортски автомобил на Toyota
Објавено на 7 мај 2018 година

Јапонците како арена за премиера на спортската Supra ја избраа Gran Turismo видео играта за PlayStation. Иако во нивното соопштение за јавност доминираат информациите за дигиталниот концепт, сепак истакнаа и некои детали за вистинскиот автомобил. Наследството на името што го носи ги дефинираат моќта и перформансите достојни за чистокрвен спортски автомобил. Репутацијата ќе ја задржи како машина за освојување на тркачките трофеи, засега со план за хомологирање само за трките на издржливост. Од порано знаеме дека Supra ќе има мотор напред, погон на задните тркала и скоро идеална распределба на тежината. Развивана е заеднички со BMW, 
Toyota Supra Gran Turismoод каде потекло ќе води и атмосферскиот шестцилиндричен мотор со 450 коњски сили. За разлика од првите информации, официјално е потврдено дека погонската механика ќе нема хибридна поддршка. Ќе се произведува во погоните на Magna Steyr во Австрија, а на пазарот ќе биде лансирана во првата половина на 2019-та година под ознаките на тркачкото одделение Gazoo Racing. Цената не е објавена, но сигурно е дека нема да биде ниска - според некои таа ќе изнесува 60-тина илјади евра.


Toyota Supra Gran Turismo

 

Видео

клучни зборови: новитети, занимливости, видео, Toyota Supra

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 2

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе