За 3,5 години собрал 1.353 сообраќајни казни

Неплатени, се разбира!
Објавено на 20 август 2018 година

Кога се во прашање сообраќајните прекршоци сешто сме навикнале да слушаме, но вакво нешто ниту на сон - шампионот над шампионите за 3,5 години има насобрано 1.353 сообраќајни казни, сите до една неплатени. Заради тоа и акцијата за негово приведување била како да се работи за некој од најпознатите криминалци на планетава - голем мафијаш или сериски убиец. Сета приказна започнува и завршува во рускиот Волгоград, каде полицијата и судските извршители веќе ја сместија зад решетки посочената персона. Оружјето на овој 31-годишен возач над возачите е добрата стара Lada Priora, со која тој својата „животна приказна“ зад воланот ја има започнато во 2015 година кога заради возење под дејство на алкохол му е одземена возачката дозвола и изречена парична казна. Но на несовесниот Русин тоа не му било пречка и не грижејќи се многу за казните и забраните си продолжил по старо. Одбивајќи да ги плати старите правел нови прекршоци и во своето возачко досие за 3,5 години насобрал неверојатна бројка од 1.353 неплатени сообраќајни казни.

За негова среќа, иако во Русија сé е големо казните не се, па така во моментот на апсењето на државата и должел околу 1,5 милиона рубљи, што е нешто помалку од 20 илјади евра. Заради тоа автомобилот му е конфискуван, ќе мора да се прости и од дел од имотот што го има, а веројатно и со некоја година од својот живот кој ќе мора да го помине зад решетки.

клучни зборови: занимливости

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии