Volkswagen T-Cross

VW ја комплетираше SUV гамата

Претставен е најмалиот и најевтин кросовер на Volkswagen
Објавено на 26 октомври 2018 година

Почна со најголемиот, заврши со најмалиот - Volkswagen, барем засега, ја комплетираше својата SUV гама. Нејзиниот најнов член T-Cross истовремено беше претставен на три локации ширум светот - во Амстердам, Сао Паоло и Шангај. На тој начин Германците јасно ги покажаа амбициите што ги имаат со овој модел за кој се зборуваше долго време. Поставен е на платформата на Polo и од него има преземено скоро сé. Еднолитарските мотори со три цилиндри и 95 и 115 коњски сили се засилени со поголемиот TSi од 1,5 литри и 150 коњи, а спротивно на трендовите во понудата е присутен и 1,6 литарскиот TDi со 95 коњски сили. Како што се претпоставуваше, погонот е само на предните тркала.


Volkswagen T-Cross Дизајнот и димензиите се познати од порано - T-Cross е долг 4,1 метар и има меѓуоскино растојание од 2,56 метри. Тоа е доволно за пет патници со багаж од 385 литри. Нема изненадувања ни во изгледот на внатрешноста, но затоа електрониката е богато присутна. Не само преку конективни технологии, туку и со безбедносните системи. Од Volkswagen наброија дека T-Cross располага со Front Assist со Pedestrian Monitoring и City Emergency Braking, Lane Assist, Hill Start Assist, како и со Blind Spot Detection со Rear Traffic Alert. И сето тоа како дел од сериската опрема, така што за доплата останаа само Driver Alert, адаптивниот темпомат и Park Assist системите. Производството е планирано во Европа, Јужна Америка и Кина при крајот на годинава, а продажбата ќе му започне идната година.


Volkswagen T-Cross

клучни зборови: новитети, Volkswagen T-Cross

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе