„Временската“ фабрика на Ford

Во Ford-овата метеоролошка фабрика зимата секогаш е добредојдена, најмногу во вакви временски услови какви што претстојат
Објавено на 29 мај 2018 година

Купувачите секогаш нестрпливо ги очекуваат идните модели, така што нивното тестирање не смее да чека на природата. Новиот центар за испитување на Ford кој се наоѓа во Келн е замислен да симулира сé на земјината топка - од силни снежни врнежи до песочниот пекол на субсахарските пустини. Јасно е дека современите автомобили мора да се спротивстават на климатските услови насекаде каде се продаваат. А Ford е светска марка и затоа метеоролошката фабрика во Келн создава амбиент каков што е на 5.200 метри надморска височина на Хималаите, или пак во 95-процентната влажност на шумските предели во Костарика. Вработените таму ќе кажат дека поминувањето низ различните делови на објектот е како да патувате на четири различни краеви на светот. Во него истовремено можат да се тестираат десет автомобили, на температури меѓу -40 и +55 степени целзиусови. 
Се проверуваат не само моторот и останатата механика, туку и влијанието на климата врз сите нивни својства. Така на пример во еден од трите воздушни тунели се следи колку брзо бришачите ќе го исчистат ветробранското стакло за време на тропски бури. Во втор пак како функционираат на арктички температури, а во трет нешто трето. Се анализира и колку снег ќе падне во возилото кога возачот кога ќе ја отвори вратата.

За сето ова, на објектот му е потребна огромна количина енергија - дури 11 мегавати, што е доволно за гратче од 2.400 луѓе. А таа во контекст на приказната, се добива од обновливи и еколошки прифатливи извори. Изградбата на овој врвен метеоролошки центар за испитување го чинеше Ford 70 милиони евра.

 

Видео

клучни зборови: занимливости, видео, Ford

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 72,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии