Hybrid4

Враќање на хибридната револуција

Peugeot најави враќање на хибридната технологија во моделите 3008 и 508
Објавено на 25 септември 2018 година

Се појави во 2011-та како прво големосериско дизел-хибридно решение, но не успеа да се наметне како дел од плановите на иднината за електрификација. Преку 3008, Hybrid4 технологијата на Peugeot sе на сцената како помалку револуционерно но еднакво, дури и поефикасно решение. Основа е 1,6 литарскиот PureTech бензинец со 200 KS, со кој се искомбинирани два електромотора и батерии од 13,2 kWh. Со тоа е обезбеден погон на сите четири тркала, на кој 8-степениот автоматски менувач му дава нови квалитети. Хибридното засилување обезбедува уште 100 коњи, со кои 3008 Hybrid4 ќе забрза до 100 km/h за 6,5 секунди, а plug-in способноста можност само на струја да помине 60 km според новите WLTP норми. Кај 508 и неговата SW верзија употребен е и бензински агрегат од 180 KS, еден електромотор кој додава екстра 45 коњи и батерии од 11,8 kWh доволни за 40-тина електрокилометри. Овој погонски склоп нешто подоцна ќе се најде и во 3008.

Комерцијализацијата на 3008 Hybrid4 и 508 Hybrid ќе започне во вториот квартал идната година.

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео, Peugeot Hybrid4

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе