Volkswagen T-Roc Cabriolet

насловна

Лето е, време е за кабриолети

Пред да почнат дождовите предизвикани од глобалното затоплување, Volkswagen ни ја претстави кабриолет верзијата на T-Roc

Објавено на 14 август 2019 година

Мислевме дека нема доволен пазарен простор за вакво нешто, но Volkswagen нé демантираше – отворената верзија на T-Roc е на девет секунди од своето лансирање. Бројката не е случајна – точно толку треба да се „преоблече” во летно издание. Но, за започнеме по ред – иако Volkswagen сé уште го нарекува концептен автомобил блиску до сериското производство нарачано за напролет, веќе сега за него се знае најбитното. Освен платнениот покрив дизајнерски однадвор не се разликува, а внатре измените се мали. Вистинските корекции се во механиката – каросеријата е структурно засилена, исто вратите и рамките на ветробранското стакло, меѓуоскиното растојание е поголемо за 37, а должината за 34 mm. За целосна безбедност заштитните рол-овери во дел од секундата во случај на превртување автоматски се извлекуваат зад задните седишта. Покривот веќе споменавме за само 9 секунди автоматски се склопува во возење, до брзина од 30 km/h. Опременоста му е подобрена, а купувачите ќе можат да бираат меѓу два бензински агрегати – 1.0 TSi со 115 или 1.5 TSi со 150 KS, првиот достапен само со мануелен 6-степен менувач, а вториот по желба и со 7-степен DSG.