Volkswagen со крената глава чекори кон електрификацијата

На својот пат кон електрификацијата, Volkswagen групата премина преку границата од која нема враќање
Објавено на 4 јуни 2018 година

За својата претстојна гама електрични возила, Volkswagen нарача батерии во вредност од дури 40 милијарди евра. Веќе се договорени и партнерите, кои годишно ќе им испорачуваат батерии со вкупен капацитет од 150 гигават-часа. Плус на тоа, Volkswagen ќе ја модификува својата најстара фабрика во Брауншвајг за производство на 500.000 комплети батерии. За две години, германскиот конгломерат во својата гама ќе има 25 електрични возила. Планот е до 2025-тата годишно да се продаваат по 3 милиони од нив, плус уште plug-in изведбите на останатите модели. Првиот нов електромобил ќе биде кросоверот Audi e-tron, кој ќе започне да се произведува во август. Наредната година ќе следат спортската лимузина Porsche Mission E и малиот хечбек Volkswagen I.D. За истражување на технологиите и нивни развој веќе се одвоени 34 милијарди евра инвестиции. Сите овие бројки малку ги збунија аналитичарите на пазарот, кои во прв момент сметаа дека Германците избрзуваат со своите планови и најави. Можеби е така, но со сето ова Volkswagen ќе го зададе финалниот удар во бокс-мечот кој го води сам против сите во дизелгејт арената. Како и да е, пораката е јасна - Volkswagen групата има капацитет брзо да ја изгради својата нова иднина, која место на дизелите ќе се базира на струјата.

клучни зборови: занимливости, Volkswagen

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 72,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии