Volkswagen Golf GTi со 245, а Golf R со 333 коњи
Веќе нема дилеми – најсилните верзии на Golf ќе располагаат со моќна коњица
Објавено на 22 јануари 2020 година
Volkswagen не успеа да сокрие со колку коњски сили ќе располагаат идните моќни верзии на новиот Golf. Со бројките најмногу се лицитираше за GTi изведбата, која според „украдената” фотографија ќе има 245 коњи. Ќе ја видиме во Женева, четири месеци пред Golf R, чиј агрегат ќе располага со 333 коњски сили. Меѓу нив ќе се смести Golf GTi TCR со 300 KS, а нови ќе бидат и дизелскиот GTD со 201 KS и хибридниот GTE со 245 KS.