Volkswagen Commercial Vehiclе – Спиење под ѕвездите

Вести Поглед во иднината

Само за луѓе со слободен дух

Дивизијата за комерцијални возила на VW ги покажа скиците на моделот кој во тек на идната година треба да стане реалност.

објавено на 04.08.2020
подготви Теодор Барзов

Новиот мини-кампер е базиран на комплетно преработената петта генерација од Caddy од што најмногу профитира внатрешниот простор. Од голема важност на модерните номади кои сакаат возила со компакни димензии е модуларноста на просторот. Од почетокот целта е да се задржи секојдневната корисност и да се овозможат вклопувањата во багажниот простор. Малиот брат на California е возило за сите намени, за семејстава и за оние кои се во ,,најдобрите години’’. Една од најдобрите работи кај овој модел е приликата да се гледаат ѕвездите низ панорамскиот покрив, кој е со големина од 1.4 метри квадратни. За тие што сакаат да спиат во темница, или не сакаат да се будат од сонцето ке можат да ги затемнат сите прозори, вклучувајки го  панорамскиот покрив. Комфорт на спиењето го гарантира скоро два метарскиот долг кревет. Дополнително во просторот е можноста да се вклопат лесните столици и маси за кампување. Новиот модел кој ќе припаѓа во семејството Сaddy има 19 системи за помош, удобност и безбедност при патување. Вклучен меѓу нив е и Travel Assist, што за прв пат овозможува асистирано возење  во текот на целиот опсег на брзини.

Воедно, ново во Сaddy и познато од моделите Crafter и T се и Trailer Assist, што го прави обратното маневрирање со приколка значително полесно, како и Side-Assist и Rear Traffic Alert. Како и системите за помош на возачот, новите четирицилиндрични мотори опремени со филтри за честички се исто така иновативни. Тие се од следната генерација и ги исполнуваат  Euro 6 стандардот за 2021. За прв пат кај TDI моторите кои имаат моќност помеѓу 75 и 122 КС се користи новиот систем на двојно дозирање  Преку два каталитички конвертори со двојно вбризгување на AdBlue, нивото на емисија на азотни оксиди е значително намалено во споредба со претходниот модел, што ги прави TDI моторите на Caddy меѓу најчистите дизел мотори во светот.