насловна

Volkswagen електрично ќе ја покорува Европа

Со 36.000 полначи, Volkswagen ќе ја започне својата офанзива за покорување на електрична Европа

Објавено на 11 јуни 2019 година

Volkswagen групата разви стратегија со која до 2025 година планира да постави 36.000 полначи за електрични возила ширум Европа. Со инвестицијата вредна 250 милиони евра ќе бидат опфатени сите марки, со акцент на матичниот Volkswagen и 3.000 негови дилери во сите поголеми градови. Како што велат, полначите што тие ќе ги постават ќе бидат едноставни за употреба исто како и полнење на телефон. Германците на ваков чекор се решија за да ја поддржат својата електрична гама возила. Нејзиниот прв претставник моделот ID.3 веќе може да се нарача, а првите испораки ќе следат кон средината на идната година. Верувајќи во своите електрични технологии, од Volkswagen ја посочија инфраструктурата за полнење  на батериите како најкритична точка за остварување на нивните амбициозни планови. Според нив, сегашното бавно темпо со кое таа се шири може да го загрози ентузијазмот на купувачите. Во моментов, во Германија се инсталирани 11.700 полначи за електричните возила.