Mini Royal Wedding

Во чест на младенците

Објавено на 16 мај 2018 година

Принцот Хари и неговата свадба се причина место кон Рим, сите патишта да водат кон Лондон. По тој повод Mini подготви уникатен примерок на Cooper S наречен Royal Wedding Edition. Како што доликува, на неговата изработка посветено е огромно внимание. Кристално белиот ентериер со кожа со светла боја е облагороден со специјален вез 
Mini Royal Weddingи сребрено-сини инсерти. Надвор и внатре се додадени хромирани детали и 3-Д печатени елементи со нивните имиња. Покривот на овој автомобил е изведен со визуелна комбинација на британското и американското знаме. При отворањето на вратите посебно светло на тлото го проектира натписот „штотуку венчани“. Автомобилот ќе биде продаден на аукција, а сите пари ќе бидат донирани на добротворна организација по избор на младенците.


Mini Royal Wedding

клучни зборови: занимливости, Mini

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,00
еуросупер 98 73,00
еуродизел Д5 62,50
биодизел Б6 63,00
течен нафтен гас 32,50
метан 38,00

Фото галерии