Ferrari Monza

Вистинска посластица!

Објавено на 15 октомври 2018 година

Додека чекаат одговор од раководството дали да прават SUV или не, мајсторите на својот занает од Маранело подготвија вистинска посластица. Ја нарекоа Monza и ја понудија во два вкуса, но само на ексклузивно одбрани купувачи. Додека ние другите можеме да се насладуваме со перфектно искомбинираниот ретро дизајн со модерните стилски елементи, тие ќе го пробаат и V12 моторот. Најсилен кој Ferrari било кога го има направено, од неговите 6,5 литри работна зафатнина без турбо помош се извлечени 810 коњски сили. Нивната моќ во возењето добро ќе се почувствува, бидејќи овие уникатни спортисти немаат ветробранско стакло. Меѓусебе се разликуваа по бројот на седиштата, едно или две. Другото е исто - спринт до сто за 2,9 секунди, а до двесте за помалку од осум. Максималната брзина изнесува повеќе од 300 километри на час, а цената не е објавена. Не се знае ниту колку примероци ќе бидат направени, ниту пак кога.

 

Видео

клучни зборови: новитети, видео на денотFerrari Monza

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе