VinFast

Ѕвездата е родена. Од AutoBest

VinFast е првиот победник
Објавено на 3 октомври 2018 година

AutoBest востанови сосема нова награда посветена на нови старт-ап компании и нови вложувања во автомобилската индустрија. Како што гледаме невиден број на нови компании кои се приклучуваат кон индустријата, AutoBest одлучи да ги награди релевантните, значајни нови индустриски проекти на национално и меѓународно ниво. Станува збор за сосема нови марки автомобили, нови брендови за мобилни решенија и нови технолошки компании. Постапката за доделување на наградата е мошне прецизна и вклучува посета на членовите на AutoBest жирито на капацитетите на новата компанија. Таа исто така вклучува и сеопфатна анализа на проектот од сите перспективи, од индустриските и комерцијалните до дизајнерските, кадровските и финансиските ресурси.

 VinFast Виетнамците поставија цел во рок од 24 месеци по започнувањето на проектот да ги лансираат првите два модела

Првиот добитник на наградата „Ѕвездата е родена. Од AutoBest“ е новиот виетнамски производител на автомобили VinFast. „Она што VinFast го направи е сосема исклучително“, коментира Дан Варди, претседавачот на AutoBest. „Тие развија две нови возила и изградија неверојатен нов производствен комплекс во Виетнам - а бизнисот беше воспоставен само пред една година. Она што е уште повосхитувачко е тоа што плановите и амбициите одат подалеку од само воспоставување на автомобилска компанија; со тоа беше лансиран и Виетнам како нација производител на автомобили на меѓународно ниво. Едноставно, се чувствувавме задолжени со оваа прва нова AutoBest награда да ги признаеме достигнувањата на VinFast.“

Џејмс де Лука, извршниот директор на VinFast, рече: „За нас годинешниот салон на автомобилите во Париз е прилика да го претставиме VinFast на светот. Реакциите на нашите први два модела досега се огромни. За нашите напори да бидеме признати од такво почитувано меѓународно тело автомобилски новинари како што е AutoBest е фантастична награда за напорната работа и посветеноста на сите во VinFast.“ Со својата светска премиера во Париз, VinFast е највозбудливиот нов бренд и возила на годинешното авто-шоу. Два нови модела се претставени а уште два ќе следат наскоро. Продажбата ќе започне во Виетнам само две години откако проектот беше замислен и започнат од нула, буквално. Како резултат на посетата на фабриката на VinFast во Виетнам, AutoBest објави светски ексклузивна приказна во повеќето земји од каде доаѓаат неговите 31 члена.

 VinFast Седанот и кросоверот на VinFast покажани на салонот на автомобилите привлекоа гoлемо внимание

Со оваа нова, прва меѓународна награда, AutoBest зачекорува на глобалната сцена. Таа е дополнение на осумте актуелни награди - CompanyBest, ManBest, DesignBest, SmartBest, SafetyBest, SportBest, TechnoBest и секако AutoBest, најпосакуваната награда за Best Buy автомобил во Европа. „Ова е трета сосема нова иницијатива што ја презедовме годинава. Во партнерство со нашиот шпански член на жирито, Хоан Далмау и неговиот тим од coches.net го спроведовме првиот европски независен компаративен тест за вистинската автономија на електричните возила. Ова е првата фаза од проектот EcoBest Challenge, пресвртница во нашата историја. Претходно во јуни во Букурешт, Романија, започнавме со AutoBest Summit серијата со која истражуваме како новите технологии и мегатрендови можат да помогнат во решавањето на големите урбани проблеми со загадувањето, паркирањето, густиот сообраќај и друго“, рече Дан Варди. „Како AutoBest ги следиме трендовите на пазарот, оценувајќи ги колку што можеме од релевантни извори на вести, правејќи милиони потрошувачи во Европа да разберат што е важно во автомобилската индустрија, каде сме сега и што е следно“, додаде претседавачот на AutoBest.

 VinFast Со Дејвид Бекам, VinFast им го „украде“ шоуто на европските производители во Париз

клучни зборови: AutoBest, VinFast

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе