Mercedes-Benz GLE

Ви се допаѓа?

Ова е новиот Mercedes-Benz GLE
Објавено на 12 септември 2018 година

Наследникот на легендарната M-класа доби нова генерација, со потполно нов дизајн, најмодерни технологии и сé она по што овој голем Mercedes е познат. Ознаката GLE тоа не е, заради тоа што промената на името пред три години не беше проследена и со други потемелни измени. Но сега пред нас е нешто сосема ново, нешто што цели да ја надмине славата што M-класата ја собираше со децении. Така, одличната стартна позиција е надградена со поголеми димензии, од што корист ќе имаат сите - и патниците н задните седишта кои ќе имаат повеќе простор за нозете, и другите бидејќи зафатнината на багажникот изнесува 825 литри, односно 2.055 со склопена задна клупа, а како опција е достапен и трет ред седишта.


Mercedes-Benz GLE Дизајнот можеби изгледа некако мек, но тој е заслужен за одличната аеродинамичност - коефициентот на отпор на воздухот е намален од 0,33 на 0,29. За ентериерот се предвидени два екрани по 12,3 инчи и MBUX (Mercedes-Benz User Experience) мултимедија систем способен да учи благодарејќи на вештачката интелигенција. Новиот GLE ќе има мултифункционален управувач со 18 команди и најмодерни системи за асистенција на возачот, од кои меѓу најистакнатите се автоматското кочење и E-Active Body Control активната шасија. На почетокот во понуда ќе биде само верзијата GLE 450 со шестцилиндричен бензински мотор со 367 KS и 500 Nm, на кои 48-волтниот систем со стартер-генератор додава 22 KS и 250 Nm. Подоцна понудата ќе биде проширена со неколку бензинци и дизели, сите опремени со автоматски 9G-Tronic менувач. Mercedes на купувачите ќе им понуди и plug-in хибридна варијанта и AMG верзија со V8 машина, која ќе развива 640 коњи.

Продажбата на новиот Mercedes-Benz GLE ќе стартува на почетокот на наредната година, по цена од околу 55 илјади евра.


Mercedes-Benz GLE

клучни зборови: новитети, Mercedes GLE

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 5

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 67,00
еуросупер 98 69,00
еуродизел Д5 64,50
биодизел Б6 65,00
течен нафтен гас 35,50
метан 39,50

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе