Range Rover Evoque

Velar во мини здолниште

На специјален настан во Лондон, Range Rover официјално ја претстави новата генерација на Evoque
Објавено на 23 ноември 2018 година

Направен да асоцира на полуксузниот Velar, втората генерација на помалиот премиум-SUV Range Rover Evoque поставува нови стандарди во овој сегмент и покажува зошто е создаден за градските улици. Но новиот Evoque еволуираше и да ги задоволи потребите за возење до планинските врвови. Пристигнува со подобра економичност, модифицирано ослонување, унапредено управување, подобра звучна изолација, поголем комфор и уште голем број новини. Поставувајќи нови стандарди за издржливост и способност, тој се карактеризира со одличен спој на беспрекорен дизајн и луксузна технологија која е едноставна за ракување.


Range Rover Evoque Како однадвор така и во внатрешноста, Evoque наликува на поголемиот брат Velar, што е акцентирано со опционалниот двоен дисплеј на централната конзола. Тука се и целосно новата дигитална контролна табла, седиштата кои се за прилагодуваат во 16 насоки и јонизаторот на кабината. Новиот премиум градски SUV сега нуди повеќе место за нозете на патниците на задните седишта, а и багажникот има за 10% поголем волумен од претходниот модел. Во опремата на новиот Evoque се вклучени исто така стандардна камера за задно гледање, адаптивен темпомат со асистент на управувањето, систем за задржување на возилото на патот, систем за автономно активирање на сопирачките и многу што друго.

Новиот Evoque ќе се нуди со дволитарски турбо-агрегати, спарени со 9-степен ZF автоматски менувач. Дизелот доаѓа во верзии со 150 и 240 KS, а бензинците со 240 и 300 KS. Цената во Велика Британија му започнува од 31.600 фунти.


Range Rover Evoque

клучни зборови: новитети, Range Rover Evoque

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе