VW Golf VIII

Вака ќе изгледа новиот VW Golf од осмата генерација

Обично не објавуваме вакви вести, но предизвикот беше преголем
Објавено на 12 октомври 2018 година

Иако се мислеше дека заради аферата дизелгејт ќе биде отпишан, 1.6 TDi моторот со 116 коњи за идниот Volkswagen Golf ќе биде усовршен. Покрај него, главни во понудата ќе бидат и трицилиндричниот 1.0 TSi турбобензинец во верзии со 85 и 110 KS.


VW Golf VIII Вака некако започнуваат најновите шпекулативни вести за идната осма генерација на Golf, која сепак најмногу внимание привлекува со својот претпоставен дизајн за кој никој во моментов не може да каже каков ќе биде. Германските медиуми сепак со доволна доза на сигурност можат да тврдат едно или друго бидејќи минатото покажало дека однапред ја знаат иднината - најверојатно со „амин“ на VW. Затоа и не можевме да останеме рамнодушни на рендерите на Autozeitung кои се толку верни што со рака во оган можеме да тврдиме дека се фотографии на кои е прикажан идниот Golf VIII.

Впечатоците и коментарите ќе ви ги препуштиме вам.


VW Golf VIII

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Volkswagen Golf VIII

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 1

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 74,50
еуросупер 98 76,50
еуродизел Д5 69,00
биодизел Б6 69,50
течен нафтен гас 38,00
метан 38,00

Фото галерии

  • Bugatti Divo

    Изгледа спектакуларно!

    повеќе