Ура, горивата поевтинија!

Објавено на 23 јули 2018 година

Добра вест за годишноодморците - горивата поевтинија. Според пресметките на регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, од ноќеска на полноќ бензините ќе чинат за денар, а дизелот за денар и половина помалку, односно цената на еуросупер БС-95 ќе изнесува 71,00 денари за литар, цената на еуросупер БС-98 73,00, додека цената на еуродизел Д-Е V пак 62,50 денари за литар. До овие бројки е дојдено по заслуга на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар која во изминатиот 14-то дневен период беше за 3,43% пониска од просечната цена на суровата нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати, курсот на денарот во однос на доларот кој се зголеми за безначајни 0,297% и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кои забележаа намалување - кај бензинот за 2,80%, а кај дизелот за 2,24%.

За жал, за ретките кои користат метан како погонско гориво нема добри вести - компримираниот природен гас повторно поскапе и сега килограм од него чини 38 денари.

клучни зборови: Македонија

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • McLaren 720S Spider

    Може и без покрив

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе