
Уникатно партнерство за уникатен автомобил
Новата Hyundai Kona беше лансирана во Македонија во партнерство со списанието Unique кое воедно прослави 100 броја излегување
Објавено на 14 март 2018 година
Во соработка со магазинот Unique, ексклузивниот дистрибутер на Hyundai за Македонија Кореа Ауто Трејд организираше уникатен настан на кој пошироката јавност се запозна со најновиот SUV модел од Б-сегментот, Kona. Со својот урбан лик, уникатното возило кое одговара на секој стил ја инспирираше модната илустраторка Ангела Карова да креира ексклузивна серија маички во духот на Kona.
За него кореографката Саша Ефтимова подготви современ танц во стилот на неговиот динамичен карактер. Беше инспирација и за партнерство со списанието Unique за кое модната стилистка Милена Танаскоска подготви специјален едиторијал. Со еден збор, уникатната смелост и привлечноста на Hyundai Kona е инспирација за секого.
Овој модел се нуди во две бензински изведби. Посилниот мотор е 1,6 литарски со 177 коњски сили, 7-степен менувач со двојна спојка и погон на сите тркала, кој нуди моќност и рамнотежа за управување низ градските улици и теренските патишта со леснотија. За поекономично возење е наменет трицилиндричниот 1,0 литарски мотор со 120 коњски сили и 6-степен мануелен менувач. Како и сé друго во Kona, и погонската механика располага со иновативни технологии - и двата мотора се опремени со турбо компресор и директно вбризгување на горивото. Цените на Hyundai Kona во Македонија започнуваат од 20.546 евра.

клучни зборови: Македонија, Hyundai Kona