Уапсен директорот на Renault, Nissan и Mitsubishi Карлос Гон

Најмоќниот човек во автоиндустријата заврши зад решетки во јапонски затвор
Објавено на 20 ноември 2018 година

Нов скандал ја затресе автомобилската индустрија - челниот човек на групација Renault-Nissan Карлос Гон беше уапсен од страна на јапонските власти заради проневера на дури 44 милиони евра. Тој веќе со месеци бил под интерна истрага на Nissan, која резултираше со негово испраќање зад решетки. Покрај обвиненијата, Јапонците на негова адреса ќе му испорачаат и отказно решение од директорската позиција на Nissan бидејќи истрагата покажала дека тој освен што со години прикажувал помали примања од вистинските, ги трошел и парите на компанијата за приватни потреби. Веднаш после објавувањето на оваа вест, акциите на Renault доживеаја остра корекција нанадолу за 10, а на Nissan за 8,7 отсто.

Инаку, според договорите што ги има Карлос Гон годишно заработува 17 милиони долари - 8,5 милиони од Renault, 6,5 милиони од Nissan и 2 милиони од Mitsubishi.

клучни зборови: занимливости, Renault, Nissan и Mitsubishi

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе