Triumph Scrambler – Steve McQueen

Во име на легендата

Triumph пријатно ги изненади поклониците на авантуристичката класика

објавено 21. април 2021

Само за сладокусците, при освежувањето на Scrambler 1200 Triumph додаде специјална серија посветена на Стив Меквин. Направена во соработка со неговото семејство, таа го слави овој, еден од најпознатите холивудски актери, љубители на мотоцикли и икона на своето време. Измените во однос на стандардните Scrambler 1200 XC и XE се мали и главно сведени на дизајнерски детали инспирирани од спецификациите на тркачкиот TR6 кој Меквин го прослави во филмот „Големото бегство“ од 1963 година. Меѓу нив се издвојува посебниот рачно украсен резервоар во зелена боја со алуминиумско капаче и графика со ликот на Меквин. Сите илјада предвидени примероци ќе бидат нумерирани и со ласерски гравиран негов потпис како потврда за автентичноста. Агрегатот е истиот, сега со Еуро 5 норми, 90 коњски сили и нов издувен систем. Подобрени се дистрибуцијата на топлината и распределбата на вртежниот момент во согласност со перформансите кои се очекуваат од ваков тип мотоцикл. Кормилото може да се подесува по височина, а ослонувањето и сопирачките се унапредени со нови компоненти. Инструмент таблата е модерна и прегледна, а на располагање се и повеќе од 70 додатоци за персонализација на мотоциклот. Продажбата на новата серија на Scrambler ќе започне во јуни.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER