Peugeot 508 SW

Трите премиери на Peugeot

На салонот на автомобилите во Париз Peugeot се претстави со 3 светски премиери
Објавено на 4 октомври 2018 година

Peugeot добро се подготви за настапот на домашниот терен - стилски маркантниот концепт e-Legend ја предводеше плејадата новитети во Париз, во која уште се најдоа и караванската изведба на новиот 508 и двоецот нови plug-in хибридни изданија. Тука беа и монументалниот лав како амбасадор на брендот, новиот Rifter и мноштво други новитети меѓу услугите и Design Lab, Cycles и Motocycles одделенијата на Peugeot кои направија двете илјади квадратни метри на штандот на марката да бидат тесни.


Peugeot 508 SW Можеби и затоа што делот од публиката што сé уште се интересира за караваните долго се задржуваше пред новиот 508 SW, воодушевена од неговиот елегантен и модерен дизајн. Замислен како практична надградба на радикалната лимузина, тој како олицетворение на интензивните возни сензации што ги предизвикува најверно ги демонстрираше амбициите на марката во овој сегмент. Посебно плени неговиот спортски израз елегантно имплементиран на караванскиот заден дел, во кој се крие простор за багаж од 530 до 1.780 литри. Напред пак ќе се најдат познатите од седанот бензински и дизел мотори, но и новата plug-in хибридна погонска единица сочинета од 1,6 литарскиот PureTech бензинец и 80-киловатен електромотор. Пакетот батерии од 11,8 kWh му обезбедува електрична автономија од 40-тина километри. Хибридна погонска група но со два такви електромотори и нешто поголем пакет батерии има и 3008 HYbrid4, која на популарниот кросовер освен поголемо задоволството во возење му обезбедува и погон на сите тркала.


Peugeot 508 SW

клучни зборови: новитети, Peugeot 508 SW

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе