Mercedes-AMG GT S Roadster

Трета буква, четврти модел

Mercedes го претстави новиот AMG GT S Roadster кој се сместува меѓу основниот и моделот со буквата C во ознаката
Објавено на 14 мај 2018 година

Новата верзија Mercedes-AMG GT S Roadster е замислена идеално да се вклопи во понудата меѓу двата модела GT Roadster и GT C. Така се заклучува од спецификациите на неговиот мотор кој од четирите V8 литри извлекува 522 KS и 670 Nm бидејќи основниот GT Roadster има 476, а моделот GT C 557 KS. Тие се доволни GT S Roadster да забрза до 100 km/h за 3,8 секунди и да стигне до најголеми 308 km/h. Моделот е тежок 1.625 kg, просечната потрошувачка му е декларирана на 11,5 l/100 km, а емисијата на CO₂ изнесува 262 g/km. Менувачот има седум степени и две спојки, а ослонувањето е опремено со подесливи амортизери. 
Mercedes-AMG GT S RoadsterAMG седиштата, хром-пакетот, Airscarf системот за греење, 19-инчните тркала и уште мноштво тоа се сериски. Од дополнителната опрема може да се нарачат керамички дискови, AMG Dynamic Plus, AMG Carbon-Fiber пакет и уште доста ставки кои дополнително ќе го испразнат сметките на купувачите кои за овој прекрасен родстер треба да одвојат најмалку 150 илјади евра. За утеха, нема многу да чекаат на него - првите испораки се предвидени за јули.


Mercedes-AMG GT S Roadster

клучни зборови: новитети, Mercedes-AMG GT

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 34

    повеќе

Видео на денот

  • Aurus 41231SB Кортеж

    Претседателската лимузина на Путин

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 71,50
еуросупер 98 73,50
еуродизел Д5 63,00
биодизел Б6 63,50
течен нафтен гас 31,50
метан 33,00

Фото галерии