Продажба на нови возила :: Toyota останува број 1

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Toyota останува број 1

Без посебна еуфорија, јапонскиот производител ги објави податоците за ланската продажба според кои и понатаму останува број 1 во светот
Објавено на 21 јануари 2015 година

Всушност, во глобално пласираната вест кои доаѓаат од Јапонија нема ниту збор – објавени се само две табели, една за ланската продажба, друга за годинешните планови. Според бројките во нив, лани Toyota во целиот свет продаде рекордни 10,23 милиони возила, за 3% повеќе од 2013-та. За истиот процент е зголемена продажбата надвор од матичниот пазар, која достигна 7,91 милион возила, додека во Јапонија се продадени 2,32 милиони возила, односно за 1% повеќе. Плановите пак за годинава предвидуваат помали бројки – за 1% на глобално ниво и за 9% во Јапонија, што ќе значи продажба на 10,15 милиони во целиот свет и само 2,1 милион дома, а присуството на странските пазари се предвидува дека ќе биде поголемо за 2% и продажбата ќе се искачи на 8,06 милиони.

Во поглед на распределбата на возила според местото на производство, се очекува намалување на домашната продукција за 6%, на 3,97 милиони, а зголемување на производството во другите земји за 3%, на 6,24 милини возила. Севкупно, се планира да бидат произведени за 1% помалку возила од ланската година, за која точните податоци ќе бидат објавени до крајот на месецов. Во објавените бројки е вклучена продажбата на марките Toyota, Lexus, Daihatsu и Hino.

Прошетката по регионалните прес сервиси на јапонскиот производител ќе ни каже уште и дека во Европа јапонскиот производител четврта година по ред има зголемување на продажбата – лани таа стигна до 888 илјади возила (+4,6%), од кои 835 од марката Toyota, а 53 илјади од Lexus, што е за дури 23% повеќе од полани. По модели, најпродаван е Yaris (181.000), а следат Auris (142.000, од кои половината хибриди) и RAV4 (101.000). Значајно е и тоа што продажбата на хибридните модели во Европа се има зголемено за 13%, на 178 илјади примероци, од кои скоро една петина се од Lexus. Тоа значи дека вкупно 61% од продадените возилата од оваа марка се хибридни, процент кој во западноевропските земји се искачува на дури 98%. Својот прв хибрид во Европа, од моделот Prius, секако, Toyota го продаде во 2000-тата година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER