Toyota – Lunar Cruiser

Занимливости Поглед во иднината

Водородниот погон ја напушта планетава!

 Toyota и ЈАХА го најавија првото свемирско возило за превоз на патници

објавено 31 август 2020

Освојувањето на вселената во последните дваесет години од сон преку научна фантастика станува реалност. Се повеќе држави работат на своите свемирски програми во кои се вклучува голем дел од индустријата. Јапонската агенција за истражување на вселената (ЈАХА) и автомобилскиот гигант Toyota обзнанија дека работат на првото вселенско возило за превоз на патници под притисок а како погон ќе користи електрична енергија добиена од горивни ќелии или народски кажано од водород. Оваа технологија не  е ништо ново кај Toyota, но интересно е што овој концепт, покрај ширењето на мајката Земја, ќе почне да се користи и вон неа. Lunar Cruiser е производ на заедничка работа најавена во средината на минатата година а се очекува проектот да биде завршен кон крајот на годинава. Работата вклучува бројни симулации со помош на виртуелната реалност, избор на пневматици, работа на модел во реална големина поради планирањето за сместување на неопходната опрема како и тестирања како се однесува погонот во специфични услови. Кога Лунарниот крстосувач ќе ја напушти нашата планета и ќе служи на некоја друга се уште не се открива.