Tesla патентираше батерии кои потешко горат

Два патента на Tesla ќе ги намалат ризикот и последиците од пожар на електричните автомобили
Објавено на 11 август 2018 година

Во Tesla многу добро знаат дека батериите на електричните возила се потенцијално опасни кога станува збор за пожар, исто како и дека тој многу тешко се гасне. Но иако не така чести, случаите со запалување на електричните возила секогаш привлекуваат големо медиумско внимание, што доста негативно влијае на целата индустрија. Сите анкети покажуваат дека луѓето можеби и ќе ги прифатат високата цена, малата автономија и долгото време на полнење на батериите на електричните возила, но не и опасноста од пожар која доаѓа од топлината што се генерира од електричната струја. А таа тешко може да се ограничи, па кога веќе не можат да ги спречат пожарите, во Tesla смислија две технологии кои би требало за го забават горењето на батериите.

Првиот патент се однесува на нивното куќиште кое на одредени места меѓу батериските ќелии би имало „слаби точки“. На тие места, во случај некоја батериска ќелија да се запали, тоа би било пробиено и од него ќе излезат гасовите генерирани со горењето. Со тоа ќе се намали притисокот на соседните ќелии и веројатноста и тие да се запалат. Вториот патент се надоврзува на првиот и се однесува на течност која би имала задача да ја регулира температура на батерискиот сет во случај на пожар. Имено, откако гасовите од горењето на батериите ќе излезат од куќиштето на претходно опишаниот начин, во просторот меѓу поединечните ќелии би се вбризгала течност со која би се намалила температура на запалениот батериски блок.

Јасно, сето ова засега е само теорија но со доста големи шанси еден се надеваме не така далек ден да стане реалност.

клучни зборови: занимливости, поглед во иднината, Tesla

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 23 Епизода 9

    повеќе

Видео на денот

  • BMW X7

    Ново ниво баварски луксуз

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 61,50
еуросупер 98 63,50
еуродизел Д5 58,50
биодизел Б6 59,00
течен нафтен гас 32,00
метан 39,50

Фото галерии

  • AutoBest 2019 Final Test

    Ваирано, Милано

    повеќе