Tesla – Му го зема скалпот на Mercedes

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Model Y крал на средни премиум кросовери!

Моделот Y го надмина GLC и би можел да ја заврши годината како најпродавано возило во Европа во премиум сегментот воопшто.

Tesla Model Y беше најпродаваниот теренец од средна големина во премиум сегментот во Европа во првото полугодие бележејќи подобри резултати од германските ривали, вклучувајќи го и досегашниот лидер во сегментот, Mercedes-Benz GLC.

Растот на продажбата на Model Y, кој се испорачува и од новата фабрика на Tesla во близина на Берлин и од нејзиниот капацитет во Шангај, Кина, е толку силен што потенцијално може да го надмине Audi A3 и да стане најпродаваниот премиум модел во Европа целосно според агенцијата Dataforce. Походот кон врвот на електричниот теренец на Tesla откако започна со неговото комерцијализирање низ Европа минатата година. Тој беше најпродаван во Норвешка во првите шест месеци, додека во јуни беше на врвот на шведските продажни топ листи и заврши на второто место во Обединетото Кралство. Моделот Y стана миленик на 41.851 купувачи во првите шест месеци, надминувајќи го GLC кој забележа скор од 40.554 примероци, третото место му припадна на BMW X3 со 31.138 продажби, а Volvo XC60 е четврти со 27.836 испорачани возила. Во оваа статистика не се вклучени бројките од Финска и Португалија.

Влегувањето на Tesla помогна да се зголеми вкупната продажба во сегментот на БЕВ премиум спортско-корисни возила со средна големина над 250.000 возила, што е пораст од 18 отсто во однос на истиот период минатата година. За успехот на Model Y важно влијание имаше фактот што дизел моторите веќе не се доминантни. Речиси половина од сите продажби на БЕВ во сегментот ги прокнижи Model Y, додека комбинираниот волумен на електрични и плагин хибриди на Audi од 30.612 единици, предводен од Q4 e-tron, сочинуваше една третина.

 

BMW iX3 произведен во Кина беше бр. 4 продаван електричен модел во сегментот, веднаш по верзиите на Q4 e-tron и e-tron. На петтото место заврши Mercedes EQC. Jaguar I-Pace беше најмалку продаваниот во категоријата со волумен од само 3.528 парчиња. Plug-in хибридите беа уште еден клучен погон во сегментот, со учество од 19 проценти во текот на првото полугодие. Продажбата беше предводена од GLC со 14.379, го следи Volvo XC60 плагин хибрид на второ место со 9.747 единици, следен од адекватната изведба на BMW X3 со 9.568. Другите приклучни хибриди кои се натпреваруваат во сегментот се DS 7 Crossback, Lexus NX, Audi Q5, Range Rover Velar, Land Rover Discovery Sport и Jaguar F-Pace. За да стане најпродаваниот премиум автомобил во Европа во 2022 година, Model Y треба да го победи Audi A3, кој го предводеше компактниот премиум сегмент со 51.994 испораки во првиот семестар. Способноста на Tesla да ја зголеми продажбата на Model Y во втората половина ќе зависи од неговиот индустриски капацитет и побарувачката на клиентите.

Компанијата полека го зголемува капацитетот во својата нова фабрика во Грунхајде покрај Берлин, а извршниот директор Илон Маск вети во јули дека ќе го зголеми неделното производство на германската фабрика од 1.000 во јуни на 5.000 возила „до крајот на оваа година или почетокот на следната година .“ Својствено за Маск се ветувањата меѓу кои рече дека тој број ќе се зголеми на 10.000 неделно до крајот на следната година. Tesla соопшти дека сака да произведува 500.000 автомобили годишно во Грунхајде.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 85.50 ден
  • еуросупер 98 - 88.00 ден
  • еуродизел Д5 - 98.00 ден
  • течен нафтен гас - 53.00 ден
  • метан - 161.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER