Torsus Praetorian

Теренски автобус од Украина, кој доаѓа од Словенија или Словачка, или пак од Чешка - кој ли ќе знае…

Деновиве до нас пристигнаа интересни вести - компанијата Pulsar Expo за само една година разви теренски автобус, но поинтересно е прашањето каде се произведува
Објавено на 19 август 2018 година

Постарите меѓу нас се сеќаваат - теренски автобуси, имаше во нивното време. Но сега се некои други времиња кои носат други дилеми - дали теренскиот автобус Torsus Praetorian се произведува во Словенија, Словачка, или пак во Чешка. Но, да тргнеме од почеток - компанијата Pulsar Expo која ги има развиено за само една година е од Украина, но според едни информации фабриката во која автобусот се произведува е во Словенија, а според други во Словачка. Некои ја споменуваат дури и Чешка, но според нас, бидејќи компанијата на својата официјална страница има повеќе вести за поддршката на разни кошаркарски тимови отколку за тоа што произведува, со резерва но сепак во прашање е Словачка, поточно Братислава.


Torsus Praetorian Но како и да е, Torsus Praetorian во моментов е уникатен производ кој како таков веќе го има привлечено вниманието на разни агенции на Обединетите Нации за извршување на зададените задачи. Има капацитет за 35 луѓе и во основа е алтернатива на грубите руски камиони со заден дел прилагоден за патници кои служат за транспорт на работниците на сибирските нафтени полиња. Направен е на шасија и со употреба на агрегатите на MAN, но конструкцијата му е сосема оригинална и дизајниран е, како велат Украинците, од страна на странски дизајнер. Должината, ширината и висината изнесуваат 8.450x2.540x3720 mm, а меѓуоскиното растојание 4.200 mm. Вкупната тежина достигнува масивни 13.500 kg, а клиренсoт му е импресивни 389 mm. За издржливоста гарантира цврстата шасија направена од заварени челични цевки, а надворешните панели се од композитни материјали.

Автобусот е опремен со MAN дизел мотор од 240 KS. Еколошката класа зависи од желбата на купувачот - можно е да се испорача со агрегати во изведби од Еуро 3 до Еуро 6. Од тоа, нормално, зависи и цената која не е помала од сто илјади евра. Максималната брзина на му е 117 km/h, a досега (во Словенија, Словачка или Чешка - каде и да е, сеедно) се направени осум примероци. Во процес на склопување се уште 17, бројка која ќе расте бидејќи Pulsar Expo очекува Torsus Praetorian да добие сертификат од Европската Унија за нова категорија возило - за off road автобус. Во меѓувреме, интерес за него изразија компании од Грузија и Нов Зеланд за разнесување скијачи на планините, Бангладеш размислува за купување на дури 105 возила за потребите на министерството за одбрана, а некои други ги разгледуваат неговите можности за користење од страна на итните служби.


Torsus Praetorian

 

Видео

клучни зборови: новитети, занимливости, видео, Torsus Praetorian

Гледај, слушај, уживај

  • Авто Магазин

    Сезона 22 Епизода 40

    повеќе

Видео на денот

  • Porsche Macan

    Испеглани брчки и нови технологии

    повеќе

Цени на горивата

еуросупер 95 72,50
еуросупер 98 74,00
еуродизел Д5 66,00
биодизел Б6 66,50
течен нафтен гас 34,00
метан 38,00

Фото галерии